Поголем број мигранти откриени во кумановско

На 23.09.2021 во 06.30 часот во атарот на с. Лојане, општина Липково, поточно кај место викано „Шорта“, од полициски службеници од Полициската станица за Граничен надзор Сопот при Регионалниот центар за гранични работи Север биле откриени 52 лица илегални мигранти со потекло од африкански и азиски земји.

Тие биле приведени и однесени во Транзитниот центар Табановце. Четири лица од Пакистан биле лишени од слобода затоа што кај нив биле пронајдени нелегални супстанци и ладно оружје а биле посочени и дека физички ги напаѓале останатите од групата.

Тие се предадени во СВР Куманово. По целосно документирање на случаите против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.