Погодете која е оваа скопска населба: Се викала Душановац, а ова се првите монтажни станови (ФОТО)

Местото е населено уште од новото камено време, за што сведочи наоѓалиштето Тумба.

На крајот на XIX век Маџари било село во Скопската каза. Според статистиката на Васил К’нчов („Македонија. Етнографија и статистика“) во 1900 г. во Маџари живееле 120 Македонци христијани.

На почетокот на XX век целото население на селото потпаднало под врховенството на Бугарската егзархија. По податоците на егзархискиот секретар Димитар Мишев („La Macédoine et sa Population Chrétienne“) во 1905 г. Маџари имало 128 жители, сите Македонци.

По Првата светска војна селото е преименувано во Душановац. Согласно државната политика за колонизирање на Вардарска Македонија, во селото е создадена колонија претежно од доселени Херцеговци.

Во 1925 г. на местото на старата трошна црква е изграден храмот „Свети Спас“ („Вознесение Христово“). Во 1992 г. населението полнало да го преградува храмот од темел.

На етничката карта од 1927 г. Леонард Шулце Јена го завел Маџарлик (Madžarlik) како село со нејасен етнички состав.