Погледни се себеси длабоко во очите и ќе ја видиш најубава личност на светот

Има денови кога сите чувства се ставени на едно место и танцуваат некој свој луд танц, го бараат своето место во твоја глава и се борат како лавови за да добијат повисоко место во твојата душа.  Секако дека потешките чувства остануваат подолго, тие сепак имаат повеќе работа додека се вгнезднат длабоко во душата и почнат да нѐ уверуваат дека сме никој и ништо. И така се вртат тие денови, па тие денови стануваат месеци и на крајот се претвораат во години во кои наместо да танцуваш со луѓе, танцуваш со мислите кои растат и не ти даваат мир... и цело време мислиш што би било кога би било и што не би било кога вие би биле ова или она.

А зошто? Која е поентата?

Каков е тој живот кој цело време го поминуваме во паралелни универзуми внатре во нашите умови, замислувајќи искуства кои никогаш не сме ги доживеале? Од кого и од што бегате во вашите мисли додека убавината на животот минува покрај вас? Зошто стравот е вашиот најдобар пријател, зошто му верувате, кога толку убави денови минуваат покрај вас?

Животот не е случајност, животот е избор... Додека вие барате смисла во секоја ситуација и за секоја ситница како да се разботи за квантна физика, некој друг ужива во денот. Смислата на сѐ е да се биде корисен и за себе и за другите. Живејте го животот и оставете другите да го живеат, толку кратко сме тука, а толку многу имаме да видиме, да вкусиме, да помирисаме, да проживееме.

Не дозволувајте да ве рушат и да ве фрлаат на дно! Знаете за кого зборувам? Не за луѓето, туку за вашите мисли, стравови, очекувања и фантазии дека некој ќе се промени заради вас. Луѓето секогаш ќе бидат луѓе, баш како и вие, баш како и јас...

Сите грешат и сите се жртви, сите се напаѓачи и сите истовремено се и виновници и судии – затоа вдишете, издишете и живејте! Без премногу замерувања, без очекувања дека некој ви е должен и дека некој мора да ви даде или исполни нешто, без лажни насмевки, само живејте и гледајте ја убавината на животот и кога ќе го направите тоа, ќе ја видите и благодарноста, кога ќе ја видите неа, тогаш ќе се ослободите од оние мисли од почетокот на овој текст и леснотијата повторно ќе дојде во вашиот град, во вашите мисли, во вашата душа...

Затоа што кога почнуваме да живееме и мислите си доаѓаат на свое место...

Сета радост ви е на дофат, сета среќа во вашиот живот е во деталите и ситниците во тебе и околу тебе. Сакате да бидете среќни? Погледнете се, онака длабоко и директно во очи и ќе ја видите најубавата и најдобрата личност на светот.  Вие не знаете кои сте и затоа ве мачат вашите мисли, па им дозволувате на луѓето да ве оценуваат и проценуваат и тонете во очај и мислите дека не чините, а всушност само ги слушате вашите стравови...

Затоа уживајте во себе, за себе и уживајте во денешниот ден!