Погледнете какво ќе биде времето во текот на наредните денови

Денес е среда, 24 август 2016 година, 237-иот ден во годината. Сонцето изгреа во 05:46, а ќе зајде во 19:23 часот. Денот ќе трае 13 часа и 36 минути. 

Во Македонија во утринските часови имаме умерено облачно, ветровито и посвежо време. Локално во југозападните и југоисточните предели има и појава на повремени сончеви периоди. 

МАКЕДОНИЈА - Во Македонија во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло време со благ пораст на максималните температури. Во попладневните часови во крајните југоисточните, источните и североисточните предели со услови за слаби локални врнежи од дожд. Ќе дува доумерен северозападен и североисточен ветер. Утринските температури од 10 до 20 степени, додека пак максималните дневни температури ќе достигнат до 22 односно до 32 степени. УВ индекс 5. 

СКОПЈЕ - Во Скопје во среда ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди, ветровито и потопло време. Ќе дува доумерен засилен северозападен ветер. Утринската температура од 17 степени, а максималната дневна до 29 степени. УВ индекс 5. 

МАКЕДОНИЈА 5 ДЕНА – Во Македонија во четврток ќе биде умерено облачно со повремени сончеви периоди. Попладне во југоисточните, јужните како и во југозападните предели со услови за врнежи од дожд и грмотевици. Максималните температури од 24 до 34 степени. Во петок стабилизација на времето, претежно сончево и топло време со температури од 24 до 34 степени. Во сабота и недела сончево и топло време со дневни температури кои ќе се движат во интервал од 25 до 35 степени. 

Weather4all.com.mk