Погледнете го малиот рај на фламингата во Зоолошката градина во Скопје

Фламингата, кои се веќе постојани жители на ЗОО Скопје, добија прекрасно уредено живеалиште, кое наликува на мал рај. 

Со многу цвеќиња, зеленило и мало езерце, овој дел од Зоолошката градина има огромен потенцијал да стане една од најбараните атракции. 

Условите се адаптирани за што повеќе да ги потсетуваат птиците на нивното природно живеалиште.