Поглед од дрон на скопскиот аквадукт: Заборавен од скопјани, државата и институциите

Вистинска туристичка атракција за Македонија претставува познатиот аквадукт – римскиот водовод. Заборавена од времето и од државата. Непознат за скопјани, но и за туристите.

Половина од скопјани за жал не ја знаат точната локација. Ова го покажа анкетата на инстаграм профилот на Скопје Инфо.  Од Центарот на Скопје до скопскиот аквадукт се стигнува преку следната рута: 

Овој импресивен археолошки локалитет се наоѓа во непосредна близина на Скопје, поточно на 2 км северозападно од градот во скопската населба Визбегово. За него не постојат прецизни археолошки ископувања и истражувања, поради што не се знае точното време на градбата и неговиот градител, односно постојат повеќе претпоставки. Според градежните карактеристики, најверојатно постоел уште од раниот среден век, а подоцна бил обновен.

Познатиот хроничар Прокопиј смета дека водоводот бил подигнат во византискиот период од 527-565 г., во времето на владеењето на Јустинијан I и затоа тој се нарекува уште и Јустинијанов аквадукт. Бил изграден со намена за донесување вода до античкиот град Скупи од изворот Лавовец во селото Глуво на Скопска Црна Гора. Водата преку аквадуктот се пренесувала со цевки со пречник од 25 см што оделе во правец запад-исток. Завршувал со чешма од каде се полнела вода за пиење и се поела стоката. Постои и друга претпоставка дека аквадуктот е изграден во 15. век кога во Скопје се граделе многу нови исламски градби, џамии и амами, за чии потреби биле неопходни големи количества вода.

Во врска со изгледот, состојбата и функционирањето на овој водовод, постојат повеќе записи, цртежи и фотографии на познати историчари, хроничари и странски патописци, чии податоци се разликуваат. Аквадуктот бил соѕидан од камен и тули и имал 200 лакови од кои денес останале 55, но во Енциклопедијата на ликовните уметности објавена во Загреб во 1960 г. пишува дека тој се состоел од само 55 лака. Според податоците од 1514 г., аквадуктот е составен од 2 пристапни рампи, 53 масивни столбови на кои се потпираат 55 основни лака и 42 отвори за олеснување на ѕидната маса. Вкупната должина на водоводот изнесува 386 м, со висина на Јужната рампа од 279,5 м и на Северната рампа од 280,5 м, односно со денивелација од околу 1 м за да се овозможи слевање на водата. Очигледно е дека се работи за извонредна, инвентивна и обемна инвестиција. Необичната архитектура, издржливоста и староста ја прават оваа монументална градба туристички раритет во Македонија.