Погача во црква и молитва - Мицкоски денеска слави!

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски сподели фотографии од семејството по повод чествувањето на празникот Свети Антониј Велики кој има посебно значење за нив. 

Имено, на овој ден синот на Мицкоски, Антониј, слави именден.

Целото семејство беше во црква, а не изостана ниту честитката од политичарот. 

-Семејството е најважниот темел. Традицијата продолжува и истата треба да се негува и почитува. Антониј денес го слави своето име и родениот ден. Погача во црква и молитва, традиција која и Јован и Антониј ќе продолжат да ја негуваат. Вечно име и среќен роденден синко! Среќно име на сите кои го слават Св Антониј! - порача Мицкоски.