Поезија: Никола Маџиров - Тишината од други места доаѓа

Никола Маџиров – Тишината од други места доаѓа

Photo by Khoa Võ

Кога навечер ќе го чујам гласот на мојата мртва мајка,

повикувам елени во својата соба —

они кои ги разбираат сите јазици на стравот

и без да прозборат.

Ќе им кажам за тежината на правта врз очите

кога детството напушта, за гревовите на неродените.

Ќе ги поканам во дворот на тивките промени

и ќе ги прашам за далечината помеѓу крвта

на двајца непријатели по војната.

Ќе ги замолам да ја закатанчат

тишината — тајната на отворените очи.