Митко Гогов - Скриен немир
Photo by Bob Price
се будиме со потреба од љубов,
едноставно е –
треба повеќе љубов.
а за неа нема продавници...
чувствителни сме,
скриени во сопствената тежина,
завиваме како ветрот
додека зборовите
ни се лепат по грлото.
и облаците се како луѓето,
секој си ја носи сопствената тежина.
само тишината ни ги крева шапките.
скроти го немирот во себе и
молкот умее да раскажува.