Јосип Коцев - Крој
Photo by Michaela St
Јули е, играш отвори-затвори
со ормарот во кој чувам мисли,
и си бираш тага што ти прилега.
Не, не можам да ја скратам,
иако ти го запира чекорот,
иако те сопнува додека ја носиш.
Душата сама си шие тага,
секогаш пет броја поголема
од телото на тој што си оди.