Поевтинуваат дел од услугите на Катастарот

Од утре се укинува плаќањето за повторно поднесување пријава во Агенцијата за катастар на недвижности што значи дека граѓаните кои од страна на Катастарот се одбиени по кој било основ, при повторното поднесување на пријавата нема да плаќаат надомест.

Од страна на Катастарот најавено е и намалување во сегментот на користење на податоците од Агенцијата на катастер, како и на надоместокот кој граѓаните го плаќаат при запишување на одредени права.