Поевтинија краставиците и кромидот, доматите уште држат цена - Цени низ скопските маркети

Според најновите анализи на ЕУ, цената на храната на Балканот и во Европа е неоправдано скапа

Во изминатиот период граѓаните бурно реагираа на цените на овошјето и зеленчукот. 

Какви се цените низ скопските маркети! 

Краставиците за килограм чинат од 35 до 110 денари. Домати има и за 65 денари по килограм, но и од 120 денари. 

Лимоните се над 100 денари за килограм, бананите нешто поевтини. 

Младите копири може да се најдат по цена од 40-55 денари. Падна цената на кромидот, а килограм зелка може да се најде по цена од 40-60 денари. 

Сепак, има и купувачи кои преферираат да побараат посвежо и поевтино на тезгите низ скопските зелени пазари.