Подзнакот доминира после 30 година? Астролозите откриваат дали е ова вистина или лага

 

Зошто сите мислат дека подзнакот после 30 година од животот е подоминантен? Дали тоа навистина е така  или ова е уште едно верување меѓу луѓето, за вас откриваат астролозите, а вистината ќе ве воодушеви!

Сигурно барем еднаш во животот сте добиле прашање „Што си во подзнак?“. Потоа, можеби и сте слушнале дека подзнакот преовладува после 30 година. Тоа е врежано мислење кое толку лесно се пренесува, но дали е вистинито? Што всушност значи кога ќе кажеме дека подзнакот во тие години е подоминантен од знакот во кој сме родени?

Тоа е првата лекција што се учи во школата на астрологијата. Подзнакот е моментот на раѓање кога сте се родиле и тоа е всушност вашата суштина. Луѓето мислат дека преовладува после 30 година, што е апсолутно неточно. Тој владее целот живот и тоа многу посилно од сончевиот знак, поточно, од знакот во кој сте родени. Сонцето е свест, сѐ што ние знаеме на свесно ниво и сѐ кон што тежиме на свесно ниво. 

На пример, да го земеме знакот шкорпија со подзнак бик. Ако сте шкорпија, вие тежите кон тоа да бидете таинствени, опасни, фатални, мистериозни, силни личности. Тоа е свест која владее со вас и врз чија основа мислите дека така е правилно и исправно да се живее. Меѓутоа, вашиот подзнак е во бик кој е целосно спротивен на вашиот знак. Тој тежи кон уживање, опуштен пристап, хедонизам, добар пијалок, добра музика, одбрано друштво и забава. Тоа е сѐ твојата суштина, она што си ти всушност. 

Често пати се водиме од нашата свесност и велиме дека тоа треба така да биде, а ја занемаруваме нашата суштина. Луѓето велат дека после 30 година преовладува подзнакот бидејќи кога ќе сфатат дека нема потреба да брзаат за нешто што го сметаат за идеал, за исправно, а не се тоа во суштина и треба да го живеат она што го чувствуваат, тоа го сфаќаат со созревањето. До 30 година созреваме и стануваме свесни што сакаме, што не сакаме и за што сме предодредени. Почнуваме да го живееме тоа што нѐ исполнува. Некои тоа го сфаќаат порано, некои подоцна, но генерално гледано, подзнакот е тука од моментот на раѓањето, само во тие години го откриваме она што вистински е во нас и почнуваме да го применуваме.