Подолго работно време за угостителите за време на “Супер Скопје”

Четири викенди скопјани ќе се забавуваат со изведбите на познати музички изведувачи, бендови и диџеи од Македонија и регионот, кои ќе бидат дел од проектот Супер Скопје.

Забавната манифестација ќе се одржува на различни локации во главниот град, а отворањето на музичката програма е предвидено за во петок, со настапот на Сергеј Четковиќ.

Дел од музичките изведувачи кои ќе настапат на Супер Скопје очекуваат одлична забава.

Од Град Скопје соопштија дека за викендите кога ќе се одвива манифестацијата, ќе биде продолжено работното време на угостителските објекти. За целата организација градот ќе потроши околу седум милиони денари.