Подобрување на капацитетите на локалните самоуправи за зајакнување на демократијата

Денес во просториите на ЕУ Центарот во Скопје, под покровителство на Полската амбасада и Полскиот Амбасадор Н.Е. Војциех Тицињски, за 15 македонски општини беше организиран настан, на кој се споделија знаења и најдобри практики за подобрување на капацитетите на локалните самоуправи. 

Присутна беше и градоначалничката на град Скопје, која истакна дека тоа е најдобриот начин за зајакнување на демократијата и постигнување национален економски раст и развој во Македонија. 

-Презентиран беше системот на фунционирање на локалната власт во Полска, како и влијанието на процесите на децентрализација, фунционирањето на прекуграничната и меѓународна соработка на единиците на локална самоуправа - напиша Арсовска на официјалната Фејсбук страница.