Подобро е неписмен човек, отколку накриво научен, велат експерти за повлечениот учебник

Министерството за образование (МОН) пред самиот крај на учебната година го повлече учебникот по Историја и оштество за петто одделение, а тоа беше осудено од страна на експерти.

Од Здружението за историчари за „Алфа“ велат дека во декември испратиле барање за повлекување на учебникот, но МОН дури шест месеци подоцна донесе одлука да го повлече спорниот учебник.

-Неписмен човек е подобро, отколку накриво научен. Тој што е апсолутно неписмен, има шанси да научи, а тој што е накриво научен, му ја одземате шансата понатаму да се развива правилно, вели историчарот Васко Гичевски за „Алфа“.