Подобрете ја енергијата во попладневните часови

Голем дел од луѓето чувствуваат пад на енергијата по 14:00 часот и се обидуваат да применуваат различни методи за да ги зголемат нивоата на енергија во тоа време.

Некои се обидуваат да дремнат, некои пијат кафе, но само мал дел од нас разбираат како точно да се подобри енергијата во тој период. Велиме така, бидејќи често кафето и дремката прават само да ни биде полошо.

Како да ја подобрите енергијата во попладневните часови без кафето?

Направете чај

Заменете ја навиката за пиење кафе со овој убав ритуал. Чајот ќе ве стопли, смири и ќе ви даде повеќе енергија со помалку кофеин и помалку хидратација. Танинот кој го користи ќе ја намали нервозата и стресот и ќе ви помогне да се справите со умствениот напор кој ве очекува во вториот дел од работниот ден.

Освежете го просторот во кој функционирате

Потрудете се да работите во светол простор кој ќе ве прави среќни, наместо напнати и несреќни. Дозволете светлина и воздух да влезат во тој простор и да не функционирате во темна просторија која само дополнително ќе ве мачи и ќе ја смали вашата енергија.

Бидете активни

Потрудете се да го средите просторот околу вас или пак да се зафатите со задача која бара напор и која ќе ви помогне да се раздвижите.

Раздвижете се

По ручекот, добра идеја е да се раздвижите малку. Истегнете се или пак уште подобро, доколку имате време – излезете на свеж воздух. Тргнете ги очите од технологијата и размислувајте за нешто друго.  Така ќе го раздвижите своето тело, но и ќе го разбудите својот ум.