Подновен паркот Гази Баба

Во паркот „Гази Баба“ поставени се нови информативен знаци, нови видиковци и обновени места за одмор и релаксација.

- Знам, не очекува уште многу работа, но како што им кажав и на граѓаните што ги сретнав денес, секој ден реализирајќи по една мала работа но со голема посветеност и љубов ќе успееме да го измениме градот и тоа зголемувајќи ја љубовта кон природата и овозможувајќи повеќе зеленило за да поминувате повеќе време со семејствата низ парковите – информираше на социјалните мрежи Ардијан Муча, директор на ЈП „Паркови и зеленило“.