
По спроведена сеопфатна истражна постапка, јавен обвинител од Основното јавно обвинителство за гонење организиран криминал и корупција до Основниот кривичен суд Скопје поднесе обвинителен акт против едно лице за кривично дело – Примање награда за противзаконито влијание, предвидено и казниво согласно Кривичниот законик.
Станува збор за поранешниот државен правобранител, адвокатот Фехми Стафа.
- Според обвинителниот акт, обвинетиот во периодот од октомври до 13 декември 2025 година, со намера да прибави противправна имотна корист, примил вкупен износ од 50.000 евра за да посредува и да го искористи своето реално влијание со цел да интервенира кај судија во Апелациониот суд Скопје и преку давање поткуп да влијае за да се изврши службено дејствие што не би смеело да се изврши, соопшти Обвинителството.
- Имајќи ги предвид неизменетите околности врз основа на кои на обвинетиот му беше определена мерката, надлежниот јавниот обвинител со обвинителниот акт достави и предлог за продолжување на истата, се наведува во соопштението од ЈО.
Стафа беше уапсен на 13 декември минатата година.