Полицијата во Тетово во текот на вчерашниот ден поднесе дури четири кривични пријави за семејно насилство.
- Поднесена е кривична пријава против 33-годишниот Ф.Б. од Тетово поради сторено кривично дело загрозување на сигурноснта. Тој на 01.09.2024, упатувал закани на неговиот чичко, а оштетил и дел од покуќнината.
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против М.Џ.(50) од Тетово поради постоење основи на сомнение дека нанел тешка повреда. „На 01.10.2024 во Тетово, пријавениот физички го нападнал Р.М. од Тетово и ну нанел тешки телесни повреди“, велат од МВР.
- Поднесена е кривична пријава и против 30-годишниот К.В. од Тетово поради нанесена повреда. На 30.08.2024, пријавениот физички ги нападнал неговите мајка и сестра.
- СВР Тетово поднесе кривична пријава против А.Ц.(59) од Тетово поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „телесна повреда“ во врска со семејно насилство. На 11.08.2024, пријавениот физички ги нападнал неговите сопруга и внука.