Подметнати и намерно запалени пожари

Во текот на вчерашниот и денешниот ден на територија на Град Скопје имаме подметнати и намерно запалени пожари. Запалена е дива депонија во месноста Вардариште и Визбегово. Екипите на Инспекторатот на Град Скопје и Пожарна Скопје се на терен и се работи на гасење на пожарите.

Апелираме да престанат ваквите подметнувања и МВР да ги пронајде сторителите и соодветно да ги санкционира.