Подигнати 8 чаури - Доцна синоќа пукање во Чаир

Пукање доцна синоќа во Чаир. 

Вчера околу 22:52 часот, во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Чаир во Скопје, од патничко возило во движење биле испукани неколку куршуми. Како што информираа од полицијата, повредени лица нема, а по преземени мерки, полицијата од местото на настанот подигнала осум чаури.

Се преземаат дополнителни мерки за расчистување на случајот.