Подигнати 70 кубни метри отпад од диви депонии од 6 општини во Скопје

Во текот на викендот, екипите на ЈП Комунална хигиена - Скопје реализираа активности за отстранување десетина диви депонии лоцирани во скопските општини Чаир, Центар, Кисела Вода, Аеродром и Карпош.

- „Во општината Чаир е интервенирано на улицата Самоилова, каде што во непосредна близина на Музејот на современата уметност се подигнати приближно 15 кубни метри градежен отпад одложен на сообраќајна површина.

- Во општината Центар се расчистени вкупно 10 кубни метри отпад од диви депонии лоцирани на неколку локации долж улицата Орце Николов.

- На улицата Февруарски поход во скопската општина Аеродром се подигнати 10 кубни метри непрописно одложен органски отпад, додека на булеварот Партизански одреди кај Порта Влае и на улицата Московска - во општината Карпош, беа отстранети 20 кубни метри кабаст отпад одложен на јавни површини.

- Екипите на ЈП Комунална хигиена-Скопје расчистија и обемна дива депонија лоцирана на улицата Димо Хаџи Димов во скопската општина Кисела Вода, каде што се подигнати и транспортирани 15 кубни метри непрописно одложен кабаст и отпад од картонски пакувања“, се вели во соопштението.