ЈП Комунална хигиена - Скопје реализираа повеќе активности за отстранување на диви депонии каде се собрани и транспортирани приближно 30 кубни метри непрописно одложен отпад.
„Активностите се одвиваа во скопските општини Бутел и Аеродром. Во општината Бутел е интервенирано во населбата Радишани, каде што се отстранети приближно 20 кубни метри отпад од обемна дива депонија лоцирана на улицата Радишанска. Екипите на Претпријатието подигнаа и транспортираа и 10 кубни метри непрописно одложен отпад на улицата Бојмија, во непосредна близина на Железничката станица во скопската општина Аеродром“, се вели во соопштението на претпријатијето.