Подгответе вкусни и тенки палачинки

Подготовката за смесата на палачинките би требала да биде една од наједноставните зафати во кујната, но меките и тенки палачинки можат да се постигнат само ако имате добро тавче и добар рецепт.

 Состојки:

– 3 јајца

– 250 г. брашно (половина мазно и половина остро)

–  350 мл. млако

– 1 чаша  минеларлна вода

–  малку сол

– 2 лажички масло

Подготовка:

Пенасто изматете ги целите јајца, измешајте ги додека не добиете густа хомогена смеса, додадете ги маслото и млекото и измешајте. Потоа со непрекинато мешање сипете го брашното додека не ја потрошите зададената мерка, па додадете сол.

Доколку ви изгледа смесата густа, разредете ја со минерална вода.