
Во Македонија денеска времето ќе биде променливо облачно и студено, со сончеви периоди и дневни температури од -6 до 3 степени Целзиусови. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието и во источните делови повремено засилен ветер од северен правец (над 60 km/h).
Во Скопје, променливо облачно и студено со сончеви периоди. Ќе дува слаб до умерен, претпладне во делови од котлината повремено засилен северен ветер.
Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Во западните делови ќе дува умерен ветер од западен правец. Утринските температури ќе се движат од -14 до -6, а дневните од -1 до 7 степени.