Подгответе се за пеколни температури - метеоролозите соопштија кога да очекуваме стабилизирање на времето

Под влијани на влажната и нестабилна воздушна маса која ја зафати нашата држава изминатиот период во текот на утрешниот ден повторно на повеќе места ќе услови нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмеж и засилен ветер и тоа особено од пладневните часови па натаму. Локално процесите се очекува да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со интензивен пороен дожд, силен ветер, електрични празнења и појава на град, информира метеорологот Славчо Поповски.

Веќе од петок очекуваме нешто постабилна атмосфера а во исто време од југ кон нашата територија ќепродира многу топла воздушна маса па така за време на викендот максималните дневни температури на воздухот ќе се искачуваат во интервалот од 27 до 35 степени додека пак УВ индексот ќе има екстремно висока вредност и ќе изнесува од 10 до 11, не се исклучува можноста во најтоплите региони од државава  истите во следниот период да се искачат и над 35 степени.

Конечно од петок па натаму ќе можеме да уживаме во вистинското лето.