Подгответе се! Викендов температури до 40 степени

До понеделник времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност. Особено топло ќе биде во деновите од викендов кога дневната температура локално ќе достигне 40 степени, соопшти УХМР.

Во вторник се очекува нестабилно време со пороен дожд, грмежи и засилен ветер. В среда ќе дува засилен северен ветер, а температурите ќе опаднат за неколку степени.

За денеска попладне, во делови од земјава, има најави за дожд и грмежи.