Подгответе се: Викендов ќе врне дожд, а од понеделник нè очекува снег

Променливо облачно време ќе имаме и во наредните денови во Македонија, која ќе биде и под влијание на влажен бран.

За време на викендот се очекуваат повремени врнежи од дожд, кои во недела ќе бидат пообилни на некои места.

Од понеделник ни доаѓа вистинската зима и намалување на температурите, а со тоа и провејување на снег во некои пониски места во Македонија.