Подгответе се: УХМР најави снег во Скопје

УХМР најави облачно време со врнежи од снег, кој конечно ни доаѓа и во Скопје.

Врнежите ќе бидат пообилни во јужните и источните делови. На планините висината на снежната покривка ќе се зголеми, а нова ќе се формира и во некои од пониските места. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје облачно со врнежи кои попладне и во текот на ноќта кон петок повремено ќе преминуваат во снег со послаб интензитет. Ќе дува слаб до умерен ветер од југоисточен правец, најавија од УХМР.