Подгответе сами: Домашен пилинг против целулит

Сите сакаме да имаме совршено убава кожа без траги од целулит. 

Иако целулитот во голема мера зависи од исхраната, физичката активност и генетските предиспозиции, сепак ова е пилинг кој во голема мера може да помогне во негово елиминирање. Наместо да трошите пари на скапи пилинзи и креми против целулит, можете да го направите во својот дом од само неколку состојки.

Како делуваат неговите состојки?

Кафето има својства на ексфолијант кој ги елиминира мртвите клетки на кожата, а во комбинација со  шеќерот се засилуваат неговите својства. Кофеинот од кафето делува така што ја затегнува кожата.

Кокосовото масло ја храни и хидрира кожата. Ова масло кога ќе се нанесе на кожата ја намалува видливоста на целулитот, а исто така го поттикнува и лачењето на колаген.

Циметот ја загрева кожата и ја поттикнува циркулацијата. Тој помага и во детоксикацијата, односно ги елиминира токсините кои исто така доведуваат до создавањето на целулитот.

Потребни состојки:

1 лажица талог о кафе

½ шолја кокосово масло

2/3 шолја крупен шеќер

1 мала лажичка цимет

Ставете ги сите состојки во тегла и измешајте добро. Овој пилинг може да го чувате во фрижидер подолго време. 

Користете го по туширањето со кружни движења. Потоа измијте ја кожата и убаво избришете со пешкир. Можете да го применувате 2-3 пати неделно, но за најдобри резултати препорачуваме да го комбинирате со здрава исхрана и физичка активност.