Подгответе пилешки стек на поинаков начин (видео)

Вкусен, здрав, лесен и брз со еден збор идеален за брз ручек кога ќе се вратите од работа и сакате да го изненадите партнерот со нешто убаво и здраво.

Потребни состојки:

Масло

50g свеж спанаќ

50g сирење рикота

2 парчиња пилешки гради

20g кашкавал чедар

Црвен пипер

Сол

Бибер

Подготовка:

Пропржете го спанаќот на малку масло околу 2-3 минути додека целосно не омекне. Додадете ја рикотата и гответе уште 30-60 секунди. Тргнете го настрана и оставете да се олади.

Направете засеци на пилешките гради на растојание од околу 1cm. Наполнете ги засеците со смесата од спанаќ и рикота. Зачинете го пилешкото со сол и бибер.

Изрендајте го чедарот и ставете го врз пилешките гради. Наросете со црвена пипер за да добие боја и посебен вкус.

Печете во претходно загреана рерна околу 25-30 минути на температура од 200 степени. Јадењето е готово кога кашкавалот ќе се стопи, а течностите ќе испарат.