Подгответе домашна Ferrero Rocher торта

Повикајте ги најблиските и послужете домашна Ferrero Rocher торта и шолја топло кафе.

За подготовка потребно ви е:

За бисквит:

  • 6 жолчки
  • 6 белки
  • 100g темна чоколада
  • Малку сол
  • 1 лажица шеќер

За фил:

  • ½ kg Нутела
  • ½ kg маскарпоне сирење
  • 250 g крупно сечкани лешници

Одвојте ги белките и жолчките во посебни садови. Со електричен миксер белките матете ги додека не добиете цврста пена, а потоа додајте малку сол и лажица шеќер. Изматете ги и жолчките.

Стопете го чоколадото и спојте го со жолчките, па рачно, внимателно истурете ја смесата во изматените белки.

На мрсна хартија за печење, во калап истурете ја густата смеса и печете 15-20 минути на 200 степени.

Во меѓувреме подгответе го филот. Со миксер изматете го сирењето, Нутелата и 150 грама од лешниците.

Откако бисквитот ќе се испече, оставете го да се олади, а потоа кремот премачкајте го внимателно.

Од горе проросете ги преостанатите лешници и тортата оставете ја да се лади 2 часа.

Послужете и декорирајте со чоколаден прелив или свежо овошје, по желба.