Подготвени и расположени: Македонската евровизиска делегација заминува во Лисабон

Македонскиот претставник „Ај Кју“ и македонската евровизиска делегација предводена од Мери Попова заминуваат денес во Лисабон, Португалија.

Официјално Македонија е дел од Евровизија од 1998 година, кога ова музичко натпреварување се одржа во Бирмингем, Велика Британија. Најдобриот пласман Македонија го имаше во 2006 година, кога наш претставник беше Елена Ристеска со темата “Нинанајна”. Од поранешните Ју-републики само нашата земја и Црна Гора никогаш не успеале да се најдат меѓу најдобрите 10 земји.

Од идната недела започнуваат пробите на учесниците пред полуфиналињата на 8 и 10 мај и финалето на 12 мај.