Поддршка од Кодинг Горска во A1 арената „Борис Трајковски“

Целиот свет се соочува со огромни предизвици предизвикани од пандемијата. Особено важно е во вакви кризни времиња да ја покажеме нашата солидарност.

Компанијата Кодинг Горска им излезе во пресрет на институциите со поддршка во напорите за справување со состојбата со COVID-19 во земјава. Со задоволство донираше 50 000 литри вода од палетата на Горска и Горска плус во А1 Арената, Спортскиот центар „Борис Трајковски“,  кадешто деновиве започна масовната вакцинација на граѓаните на Република Северна Македонија. Кодинг Горска донираше производи и во Универзитетската Клиника за инфективни болести, Институтот за белодробни заболувања кај децата Козле, Градската општа болница 8-ми Септември и во Интерните клиники во Скопје.

„Сечија поддршка во вакви кризни ситуации е неопходна и добредојдена,“ изјавија од компанијата.