Под мотото „Во град без автомобил“ се одржа големо велосипедско дефиле низ скопските сообраќајници (фото)

Под мотото „Во град без автомобил“ денеска се одржа големо велосипедско дефиле низ скопските сообраќајници.

Велосипедското дефиле на кое се приклучија неколку стотина граѓани, почна од Порта Македонија се возеше по градските сообраќајници и заврши на школка во Градски парк.

Дефилето, кое се организира како една од активностите во рамки на одбележување на Европската недела на мобилност 2018, заврши на „Школка“ во Градски Парк, каде што се одржа забава, а сите учесници во велосипедското движење учествуваа во лотаријата во која се доделија неколку велосипеди.

Пред присутните се обрати и Претседателката на Советот на Град Скопје, Љубица Јанчева.

Градот Скопје ја реализира Европската недела на мобилност 2018 во соработка со невладините организации Македонски Зелен Центар, Еко Свест, ГОУ ГРИН, ПРВ ДО ВРВ и СМАРТ АП – лабораторија за социјални иновации. Оваа година, тема на Европската недела на мобилност е „Комбинирај и движи се“, а целта е да се испрати силна порака за користење на алтернативните видови транспорт и за комбинирање на одржливите начини на превоз до саканата дестинација.