Под кои услови и каде ќе се оди на море?

Земјите во регионот сериозно се подготвуваат за летната сезона. Дел од нив подготвуваат посебни пакети на осигурување за гостите доколку заболат од ковид додека се на одмор. Така Турција од први јули ќе понуди осигурителна полиса за туристите во вредност од 17 до 23 евра со што ќе се покрие болничко лекување во вредност до 7 000 евра. Овие полиси ќе можат да се купат на аердромите, преку тур оперторите или онлајн. Хотелите ќе имаат и безбедносни сертификати со кои ќе се гарантира дека персоналот е вакциниран. За таа цел беше објавено и промотивно видео во кое туристичките работници носат маски на кои пишува - Слободно уживајте, јас сум вакциниран. Видеото беше тргнато откако јавноста се побуни дека турските работници во него се третираат понижувачки, како слуги. Турција од 16 мај без ПЦР тест ќе ја отвори границата за некои земји, но не и за Македонија. Засега вакцините не се услов за влез во Турција и тоа се уште терба да се дефинира.

И Хрватска очекува туристи ова лето. Граѓаните од третите земји ќе можат да влезат со потврда за уполатено сместување во хотел, камп или приватно, но ќе морат да покажат и негативен ПЦР тест или брз антиген не постар од 48 часа. Пропусница ќе биде и потврда дека лицето прележало ковид најмногу пред шест месеци, или е целосно вакцинирано најмалку 14 дена пред пристигнувањето на границата.

Слободно и без никакви услови може да се патува во Албанија, БИХ и Црна Гора.

Негативен ПЦР, потврда за ревакцинација или доказ за прележан Ковид не постар од 180 дена е потребна и за влез во Бугарија.