„Под итно“ замрзнување на цените на прехранбените производи, бараат Македонците

„Дали државата треба да ги замрзне цените на прехранбените производи?“ е прашањето кое им го поставивме на нашите читатели со оглед дека секојдневието донесе раст на цените на основните продукти, додека приходите на граѓаните се исти.

Лебот од 20 денари за еден леб од 600-тини грама сега се продава по цена од 28 денари. Раст на цените има и кај маслото за јадење кое се продава по цена од 98 денари, брашното, шеќерот, месото...

Пандемијата и растот на цената на нафтата на светско ниво си го направија своето, па така граѓаните се соочуваат со ценовни шокови со кои ќе мора да издржат и за претстојните новогодишни и божиќни празници без оглед на својата куповна моќ.

Соседна Србија веќе ги замрзна цените на два месеца со цел да се спречат нарушувањата на пазарот.

На оваа тема македонските граѓани велат дека, до сега требало да случи замрзнување на цените, но бидејќи не се случило под итно властите да го сторат тоа - првин да ги намалат, па да ги замрзнат цените. Еве ги нивните размислувања:

-Досега требаше да се стори тоа, исто како во Србија.

- Дефинитивно да, што е ова леб, зејтин, месо, млечни производи се е поскапено тие се основни намирници, во ек на пандемија се треба да се замрзне под итно владата да донесе одлука за замрзнување на цените на основните производи, тоа требаше и до сега да го направи во се сме последни спроврдуваме европски стандарди, а ние сме на нула со низок стандард и македонска плата.

-Државата треба да обезбеди евтини репроматеријали за производствот на земјоделски производи и цените тогаш нема да бидат високи.

-Незнаат дека кај народот владее беспарица? Ние треба да им кажеме дека треба да се замрзнат цените во државата каде владеат? Од кого се платени?

-Оваа више не е држава! Кога ќе размислам подобро никогаш и не ни била! До просјачки стап го донесоа народот сите партии подеднакво!!!

-Не, додека ги полниме маркетите и чекаме редици за да преплаќаме. Живееме на стандард како да земаме плата од 2000 евра. Треба протест да направиме, да блокираме патарини, граници, автопати, да се спротивставиме на поскапувањата!