Почувствувај ја разликата: ISMOD Store ги донесе новите вибрации во Скопје

Главниот град неделава го доби првиот ISMOD Store, а со тоа и можноста сите љубопитни да се запознаат со новата, иновативна технологија во индустријата на уредите за загревање патрони од несогорлив тутун. ISMOD Store го презентира најдоброто од ISMOD и отворен е за оние кои сакаат да запознаат нешто ново и поинакво, нешто поразлично.

Што е ISMOD Store?

Ова не е обична продавница, туку концепт место кадешто секој намерник може да си посвети време само за себе или со друштво користејќи го како Co-working / Co-studying простор. Исто така, ISMOD Store е нова платформа за промоции или презентации, за млади артисти и уметници, за изложби, за мали и независни креативци коишто сакаат јавен простор за своите креации. На тимот од ISMOD Store ќе му биде задоволство да излезе во пресрет на сите оние коишто ќе посакаат да го искористат ова пријатно катче за експресија на својата креативниот и тоа – бесплатно! Добредејдени се сите со добра идеја за јавна презентација.

Се наоѓа во Градскиот Трговски Центар во Скопје, на приземје, во коридорот спроти влезот на канцелариите на ГТЦ.

Од друга страна, возрасните консументи кои сакаат да ги заменат традиционалните цигари со новите иновативни уреди кои не испуштаат штетен чад, не мирисаат и не прават пепел, во ISMOD Store ќе имаат можност одблизу да се запознаат со понудата на брендот. Со влегувањето на македонскиот пазар, ISMOD ги претстави и ги воведе низ продажната мрежа уредите како што се ISMOD II Plus, ISMOD Nano и ISMOD Nmate и сите аксесоари и додатоци за нив. ISMOD е единствениот на нашиот пазар со понуда на три различни уреди, а веќе го најави и својот четврти уред кој треба да биде лансиран веќе следниот месец.

Што претставува ISMOD технологијата?

Уредот ISMOD гo зaгрева патронот од несогорлив тутун и на тој начин создава аеросол кој содржи никотин во помали количества во однос на традиционалната цигара. Принципот на ISMOD е да го намали создавањето и изложеноста на штетни и потенцијално штетни состојки, преку контролирано загревање на патроните од несогорлив тутун на пониски температури до 350 °С. Во ISMOD уредот не се случуваат процесите на согорување, пиролиза и прогенеза на тутунот кои функционираат на температури над 400 °С. Во уредот, тутунот се загрева наместо да согорува, што резултира со значително намалување на штетните и потенцијално штетните состојки во споредба со традиционалните цигари.

ISMOD уредите, како и сите пропратни и потребни аксесоари, возрасните корисници на тутун и тутунски производи можат да ги побаарат во сите подобро снабдени продажни ланци, бензински пумпи, индивидуални продавници и киосци насекаде низ државата.