Почнувања кампања „Гласно против гласини“

Во Скопје денеска ќе биде означен почеток на националната кампања „Гласно против гласини” поддржана од Мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Целта на кампањата е да се подигне свеста за штетното влијание од ширење „гласини“ кои доведуваат до родови стереотипи и предрасуди за жените во нашето општество. Во кампањата учествуваат жени и девојки чии инспиративни приказни ќе бидат дел од активностите што ќе се одвиваат на социјалните медиуми, како и на настани и дебати од  јавен карактер, се со цел да се допре до засегнатите страни и едукативно да се влијае врз директните учесници во ваквата општествена појава.

На настанот е најавено обраќање на амбасадорот Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во Скопје.