Почнувајќи од денес, заборавете на минатото и очекувајте го само најдоброто

За да го отклучиш потенцијалот на твојот ум, тело и душа, мораш прво да ја збогатиш твојата фантазија. 

Работите секогаш се обликуваат два пати: Прво во умот, а потоа и само потоа, во реалноста.

Сѐ што создаваш во надворешниот свет има свој зачеток во твојот внатрешен свет на сликовиот екран на умот. Кога ќе научиш да ги контролираш своите мисли и фантазија, сѐ што ќе посакаш на овој свет, целиот твој неискористен потенцијал ќе се разбуди во тебе во целост.

Ќе почнеш да ја ослободуваш вистинската сила на твојот ум за да го создадеш оној магичен живот кој верувам дека го заслужуваш.

Почнувајќи од денес, заборави на минатото. 

Охрабри се и почни да имаш повисоко ниво за себеси и запомни дека ти си повеќе од збирот на твоите моментални околности.

Очекувај го најдоброто. Ќе бидеш воодушевен од резултатите. 

Охрабри се и избриши ја прашината од твоите соништа.

Почни повторно да го почитуваш животот и да ги славиш сите негови чуда.

Разбуди ја моќта на својот ум за да влијаеш на тоа работите да почнат да се случуваат.

Еднаш кога ќе успееш во тоа, светот ќе се здружи со тебе за да правиш чуда во животот.

  • Робин Шарма