Почнуваат подготовките: Колку пари им се потребни на средношколците за матурската вечер

Испружи си ги нозете колку ти е долга џергата е добра позната изрека. Уште еден месец до матурските забави, а веќе се прават последните подготовки. Секој сака да изгледа убаво.

Дотерани од глава до пети, со музика и веселење на последната заедничка дружба.

Матурантите подолго време размислуваат како најубаво да изгледаат на прославата. Некои од матурантите смета тдека со малку пари може да се биде модерен и впечатлив.

Освен организираните матурски вечери наредниве денови кафеаните и рестораните ќе бидат резервирани за семејни прослави. Од таму велат дека годинава интересот е ист како и минатите години.  Во просек се прават веселби од 40 до 50 гости но има и такви кои прават и поголеми прослави.

Некои матуранти и нивните родители сметаат дека средното училиште треба да да се одбележи со поголема прослава, а некои тоа го паравт дома, скромно, со најблиските, но има и такви кои не даваат важност на овој ден.

Да се направи точна пресметка колку чини матурската прослава  е тешко и со сигурност зависи од домашниот буџет. Но според цените на услугите кои најчесто ги бараат матурантите очигледно е дека само за изгледот се трошат повеќе од 50 евра а во некои случаи и повеќе од 1000. Оние пак кои се одлучиле за прослава во ресторан потрошиле и дополнителни 800 до 1000 евра.