Почнува „Земјотрес“ – фестивалот на свежа домашна музика

Од денеска до сабота во МКЦ ќе се одржи деветтото издание на Фестивалот на свежа домашна музика „Земјотрес“.

Денеска ќе настапат Дина Јашари и Перија, утре Триџект и Локал Блу, а во сабота Александар Велики и  Кантон6. Сите концерти почнуваат во 19 часот.

Билетите по цена од 200 денари се достапни на билетарница во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk

Настанот ќе биде организиран согласно протоколите за организирање настани во затворен простор.

Бројот на посетители е намален (70 седишта), носењето маски е задолжително за време на целиот настан. Фестивалот е поддржан од Град Скопје.