Почнува сезоната на јагоди: Како правилно да ги изберете зрелите и вкусни плодови?

Започна сезоната на јагодите и тие веќе се достапни на пазарите и во продавниците, но разочарувањето е големо ако се погоди внатре да се зелени и недозреани. 

Сепак, можете да научите како да направите разлика кога ги купувате од пазар или од маркет. Најпрво, оние кои се одгледувани во бавча, имаат специфичен и препознатлив мирис кој се шири дури и на неколку метри. Оние кои се одгледани под фолија и со додатоци за побрзо зреење изгледаат поздраво и попривлечно, но немаат толку интензивен вкус. 

Исто, доколку се сомнително еднакви и во големина и во нијанса, веројатно и немаат доволно вкус. Домашните се нееднакви и можат да бидат темно црвени или светли, но вкусот и понатаму е интензивен и препознатлив. 

„Увозните“ производи имаат и рачка со ливчиња која има совршен ѕвездест облик, што не е случај со домашните. На крај, иако може да бидат малку нагмечени поради транспортот, домашните јагоди се помеки од увозните.