Почнува новата сезона на „Преспав“

Новата сезона од македонската хумористична серија „Преспав“ ќе се прикажува на МРТ. Во очекување на третата сезона, гледачите од понеделник репризите ќе можат да ги гледаат на Првиот канал на МРТ, секој работен ден во 21:15 часот, а репризите ќе се емитуваат во 16 часот.

Освен на телевизија, посетеноста на јутјубканалот на серијата достигна над 4 милиони прегледи. Актерската екипа од првата сезона, Јелена Јованова, Тијана Дапчевиќ, Игор Ангелов, Владо Јовановски, Игор Стојчевски, Васил Зафирчев, Горан Стојановски и Адриан Азири, постојано се дополнува и се освежува со нови ликови.

ТВ-серијата „Преспав“ е во продукција на „ОХО“, а се реализира со поддршка на Европската Унија. Продуцент е Пеце Талески, а режијата е на Игор Иванов.

Режисери на епизодите се: Игор Иванов, Вардан Тозија, Елеонора Венинова и Даријан Пејовски. Сценаријата се на: Елеонора Венинова, Сашо Кокаланов, Венко Андоновски и Димитар Банов.