Почнува јавната анкета за ДУП-от за градска четврт И 09 – Нова железничка станица

Општина Центар ја информира јавноста дека од  14-ти февруари до 27-ми февруари ќе се спроведе јавна анкета за предлог Деталниот Урбанистички План – Градска четврт И 09 – Нова железничка станица, Општина Центар и Општина Аеродром, Скопје, плански период  2017 – 2022.

Деталниот урбанистички план е изложен во просториите на урбаната заедница “Мирче Мацан“ (ул.“Пролет“ бр.39), каде граѓаните имаат можност да го видат планот секој работен ден од 8:00 до 16:00 часот или на веб страницата на Општина Центар, во делот “Детални Урбанистички Планови“.  Во споменатиот период сите заинтерeсирани физички и правни лица можат да доставуваат анкетни листови со забелешки и предлози по предлог планот.

Своите анкетни листови, граѓаните можат да ги достават во урбаната заедница „Мирче Мацан“и/или да ги поднесат по електронски пат на  planiranje@centar.gov.mk и веб страницата на Општина Центар, centar.gov.mk.

Јавната презентација по истоимениот детален убанистички план ќе се одржи во среда, 20-ти февруари со почеток во 13:00 часот, во просториите на Општина Центар – Скопје (ул.“Михаил Цоков“ бб) во сала за состаноци, барака 6.