
Премиерот Христијан Мицкоски денеска ќе присуствува и ќе се обрати на поставувањето камен-темелник за изградба на автопатот Скопје-Блаце.
Вредноста на проектот е 222 милиони евра, а изведувач е „Гранит АД Скопје“. Предвидено е изградбата да трае четири години.
Новата делница треба да се поврзе со веќе изградените 1,5 километри од патот Скопје–Блаце, во близина на граничниот премин Блаце, со што ќе се создаде целосна патна врска кон границата со Косово.
Договорот за изградба беше потпишан на 20 август 2026 година меѓу „Гранит“ и Јавното претпријатие за државни патишта.