Почнува акцијата за расчистување кај поранешна фабрика „Треска“

Градоначалникот на Општина Центар Горан Герасимовски денеска на прес-конференција ќе информира за почетокот на активностите за расчистување на локацијата кај поранешна фабрика „Треска“.

Неодамна, во магацин во кругот на поранешната фабрика „Треска“ избувна пожар. Огнот зафати пластични материјали, дрва, грмушки и отпад.