Почнува 14. Wizz Air Скопскиот маратон

Во Скопје денеска се одржува 14-от Wizz Air Скопски маратон. Пријавени се рекордни преку 10.000 маратонци од 58 земји од светот.

Стартот е во центарот на Скопје пред Порта Македонија. Се очекува маратонот да заврши околу 14:00 часот.

На маратонот годинава присуствува и ексклузивната гостинка, светската рекордерка, Пола Редклиф.

За потребите на организацијата на маратонот Градот Скопје обезбеди логистичка и финансиска поддршка. Сите јавни претпријатија на градот се ставени на располагање да се погрижат за состојбата и безбедноста на патеката долга 42.195 метри. Во организацијата на маратонот се вклучени стотици професионалци и волонтери кои се грижат маратонот да помине во најдобар ред.

Виз Ер Скопски маратон константно се надградува и оваа година како дел од настанот се вклучија македонските радија, познати диџеи, бендови и оркестри со цел да ја збогатат целата патека со музика и забава. Неодамна беше пуштена во употреба и новата мобилна апликација за Wizz Air Скопски маратон на која секој заинтересиран може да ги следи своите омилени тркачи во живо. Истата може да се симне на следниов линк: https://play.google.com/store/apps/details?id=com.skopjemarathon.

Поради одржувањето на Wizz Air Скопскиот маратон во градот има посебен сообраќаен режим.

Во склоп на Виз Ер Скопскиот маратон вчера се одржа и Детски мини маратон во општина Аеродром. Партнер на Детскиот мини маратон е УНИЦЕФ.