#ПочниСоВодно - рамноденица: Многу народ, добра забава и супер ноќ

Најголемиот ден во годината, летната рамноденица започнува, а со тоа и нашата долга дружба. Не чекајте 10от настан е токму овој четврток. Многу производи, многу народ, добра забава и супер ноќ, велат прогнозерите. Ние ветуваме добра музика и пријатна вечер.

                                                         
-Стартот го -поместивме за 19 часот о.у.Кочо Рацин бидете таму.
Горе на врвот заедно со нас ќе биде за прв пат и Виталија со АllgaSan, Златиборац, Кожувачанка и Vivax
-Не ветуваме но ќе се потрудиме и да пренесуваме светско првенство во фудбал....(инфо набрзо)

Не заборавај, можеш со точак, можеш пешки.
# Од некаде мора да се Почне
Почни со тренинг,
Почни со дружба,
Почни со нас,
#ПочниСоВодно

Те очекуваат бајкерско - хајкерска коалиција, Macedonian Bike Riders, Друштво неозбилни велосипедисти и i love hiking group Macedonia

Се што треба да знаеш е дека треба да се појавиш во 19:00 часот ПРЕД Кочо Рацин. Да си земеш ранец во кој ќе има 1л вода. Некој шушкавец или тенка јакна за на врвот. Да се пресоблечеш горен дел - алишта. Да не заборавиш да го наполниш мобилниот за да имаш за добра фотка.
Челна ламба или било какво светло кое ќе ти го осветлува патот. Осветлување напред и позади за точаците.
И тоа е се. За се друго ќе се погрижиме ние.

ОПРЕМА:
- за хајкерите, челна ламба или било какво светло
- за бајкерите, предно, задно, светло, кацига

ИСХРАНА:
- секој сам си носи исхрана од ранец;
- вода 1 л.
- суво овошје, сендвичи и сл.

НАПОМЕНА:
- Секој учесник е должен да ги почитува правилата и насоките на организаторот и водичите, во спротивно сам е одговорен за несаканите последици;
- Наведените планинарски акции се организирани и движењето се одвива во група предводена од организаторот и водичите.
- Организаторот и водичите имаат право да исклучат член пред стартот на планинарската и велосипедската акција доколку не ги исполнува наведените услови и не ја поседува соодветната опрема за предвидената акција.
- Секој учесник може да биде исклучен од групата поради недолично однесување.
- Организаторот и водичите го задржуваат правото на измени на термините и редоследот на акцијата во зависност од временските услови и останатите технички препреки.